PEUGEOT ASSISTANCE / ПОМОШ НА ПАТ

Искористете ја предноста на PEUGEOT помошта на пат доколку Вашето возило не е во возна состојба (поради дефект или несреќа). Помошта Ви е достапна во случај на дефект или доколку возилото треба да се транспортира, овозможувајќи Ви да го продолжите патувањето до саканата дестинација.

PEUGEOT ПОМОШ НА ПАТ: МОЖЕТЕ ДА СМЕТАТЕ НА НАС
PEUGEOT помошта на пат се базира на возилото, така што оваа услуга може да ја користат сите што го возат Вашето PEUGEOT возило, се разбира со претходна Ваша дозвола.
Период на траење на услугата ПОМОШ НА ПАТ:

- Сите нови PEUGEOT возила со конвенционални мотори се покриени во период од 12 месеци почнувајќи од датумот на прва регистрација.

-Електричните и plug-in хибридните возила се покриени во период од 8 години или 160.000 km (во зависност што прво се исполни) почнувајќи од датумот на прва регистрација.

- Ако го продадете Вашето возило за време периодот на траење на помошта на пат, новиот сопственик може да ја искористи бесплатната PEUGEOT помош на пат, која ќе важи за време на периодт на траење како е наведено погоре.


Сервис дома

- Доколку Вашето возило се расипе дома, услугата ПОМОШ НА ПАТ ќе пристигне пред Вашиот праг, при што доколку возилото не може да се поправи, истото ќе биде транспортирано до најблискиот овластен сервисер на PEUGEOT.


Поправка

- Доколку не е возможна брза локална поправка на лице место, со услугата ПОМОШ НА ПАТ ќе се организира да го продолжите Вашето патување: најмногу до 7 патници заедно со Вашето возило до која било дестинација во Македонија. Достапна е можноста и доколку влечете приколка, (при што истото зависи од одредени ограничувања за тежината и големината).


Напредна мобилност

- Кога Вашето возило не е во возна состојба, PEUGEOT помошта на пат Ви обезбедува дополнителни поволности додека возилото е на поправка, со тоа што Ви дава избор на повеќе начини како да го продолжите патувањето. Едноставно изберете ја опцијата која Ви одговара (во зависност од достапноста) додека Вашето возило се транспортира до најблискиот овластен сервисер на PEUGEOT.


За повеќе информации јавете се на 02 3111-000


PEUGEOT ПОМОШ ВО СЛУЧАЈ НА СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА

Доволно е лошо доколку Ви се случи сообраќана незгода, па доколку не сакате дополнителна мака за организирање на поправката и справување со осигурителната компанија, зошто да не оставите сè на Нас?


PEUGEOT ПОМОШ ВО СЛУЧАЈ НА СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА ќе се погрижи за поправката со тоа што ќе го однесе Вашето возило до најблискиот сервисен центар на PEUGEOT. Нашите професионалци ќе ја контактираат Вашата осигурителна компанија во Ваше име, и доколку незгодата не е по Ваша вина, ќе Ви организираме безплатно заменско возило слично на Вашиот модел за да возите додека Вашето возило е на поправка, или било какво заменско возило доколку несреќата е Ваша вина. И како што може да очекувате, Вашето PEUGEOT возило ќе биде доведено во исправна состојба од страна на нашите експерти, користејќи само оригинални резервни делови, што значи дека попрвката нема да влијае на гаранцијата на Вашето возило. И ако Вашето следно прашање е „Колку ќе ме чини ова?“ еве го најдобриот одговор - Помошта при сообраќајна незгода на PEUGEOT е БЕСПЛАТНА. Можете да ни се јавите и за било каков совет во однос на Вашето PEUGEOT возило - ние секогаш со задоволство ќе Ви помогнеме.

Помошта при сообраќајна незгода на PEUGEOT, може да Ви овозможи:

• Да го однесете Вашиот автомобил до најблискиот сервисен центар одобрен од страна на PEUGEOT,

• Да Вашиот автомобил го проценат специјалисти обучени од страна на PEUGEOT,

• Да направите понуда за поправка за Вашата осигурителна компанија,

• Да се уверите дека поправките се вршат според највисоките стандарди, користејќи само оригинални PEUGEOT резервни делови, така што гаранцијата на Вашето возило нема да биде засегната,

• Да добиете автомобил за да возите додека Вашето возило е на поправка (сличен модел доколку несреќата не е Ваша вина, и било каков заменски автомобил ако е),


PEUGEOT ќе даде сѐ од себе за да Ви помогне во овие ситуации, првенствено со тоа што ќе Ви помогне на патот или со транспортирање на Вашето возило до најблискиот овластен сервисер на PEUGEOT.



ПОМОШ ОД ВАШИОТ АВТОМОБИЛ

Во случај на несреќа, дефект или инцидент, искористете ја автоматската и геолокализираната порака за итни случаи за да обезбедите брз и ефикасен одговор. Во случај на удар, Вашето возило автоматски упатува итен повик без да треба да притискате нешто. Во случај на дефект или инцидент, можете да контактирате со PEUGEOT Connect Assistance користејќи го копчето „Lion“ на контролната табла.

АПЛИКАЦИЈА MYPEUGEOT

Благодарение на апликацијата MyPeugeot, можете да контактирате со PEUGEOT Assistance во секое време. Најдете го Вашето возило лесно благодарение на автоматското меморирање на Вашата локација за паркирање. Дали ти треба помош? Лесно стапете во контакт со нас благодарение на нашата онлајн резервација на термин или со повик на услугата PEUGEOT Assistance. Можете дури и да го следите пристигнувањето на сервисната служба во реално време благодарение на функцијата за помош на пат.