ИСТОРИЈАТА НА БРЕНДОТ PEUGEOT

ИСТОРИЈАТА НА БРЕНДОТ PEUGEOT

Со своите револуционарни пронајдоци и безброј успеси, PEUGEOT испиша бројни страници во автомобилската историја. Авантурата на PEUGEOT продолжува со новите предизвици на 21-от век.

1810

ПОЧЕТОК НА ИНДУСТРИСКАТА АВАНТУРА НА PEUGEOT

Семејната компанија е основана од Jean-Frédéric и Jean-Pierre II PEUGEOT во 1810 година. Сè започнува кога семејството ја трансформира семејната хидраулична мелница во леарница за челик лоцирана во „Sous-Cratet“ во општината Hérimoncourt (Doubs). Со текот на времето, палетата на производи од семејството Peugeot се прошири и браќата почнаа да прават совршени и сложени производи за тоа време (алатки, пружини, конструкции за чадори, рамки за корсет, мелници за кафе, часовници, велосипеди, итн.)

1889

ОФИЦИЈАЛНО ПРЕТСТАВЕНО ПРВОТО ВОЗИЛО НА ПАРЕА

Armand PEUGEOT го прикажа првото моторно возило на бренд PEUGEOT на Светскиот саем во Париз: возило на пареа на три тркала (не комерцијализирано). Возилото е дизајнирано заедно со познатиот инженер Léon Serpollet.

1948

ЛАНСИРАЊЕ НА 203: ПРВОТО ВОЗИЛО СО УНИТАРНА КОНСТРУКЦИЈА

PEUGEOT 203 е првиот автомобил произведен по Втората светска војна. Тој е и прв автомобил со унитарна конструкција (шасијата и каросеријата се една целина) и хемисферична форма на коморите за согорување во главата на цилиндрите и вентили во форма V. 203 беше првиот PEUGEOT возило произведено во над половина милион примероци.

ЛАНСИРАЊЕ НА 404

404 е дизајнирана од италијанската компанија за дизајн на автомобили Pininfarina. Неговите остри линии и зголемениот број стаклени површини му даваат модерност и елеганција што е контраст со моделите од 50-тите години. Во 1961 година, 404 е опремен со првиот мотор со директно вбризгување.

1968

ЛАНСИРАЊЕ НА 504: ИНОВАТИВЕН, РАДИКАЛЕН СТИЛ И ОПРЕМА

Прогласен за автомобил на годината во Европа во 1969 година, 504 на PEUGEOT беше (и сè уште е) најдолго произведуван модел на PEUGEOT (произведени 3.700.000 единици до 2006 година).
Наменет за клиенти од средна класа, тој исто така се најде на прво место во Африка и Јужна Америка благодарение на својата стабилност и издржливост.

1972

ЛАНСИРАЊЕ НА 104: НАЈКРАТКАТА ЛИМУЗИНА ВО СВЕТОТ

Рекламиран со слоганот „Најдоброто од PEUGEOT во 3,58 m“, PEUGEOT 104 беше претставен како најкратката лимузина со четири врати во светот во тоа време.

1979

ЛАНСИРАЊЕ НА 604: ПРВАТА ЛИМУЗИНА СО 6 ЦИЛИНДРИ НА PEUGEOT ПО 601

604 беше првата лимузина со 6 цилиндри на PEUGEOT по 601.
Како резултат на неговиот стил и елеганција, PEUGEOT 604 им се допадна на највисоките државни службеници низ цела Европа.
604 беше опремен со првиот турбо дизел мотор продаван во Европа.

1983

ЛАНСИРАЊЕ НА 205: „МАГИЧЕН БРОЈ“

„Магичниот број“ PEUGEOT 205 кој донесе голем успех за PEUGEOT.
Исто така, стана двоен светски шампион во рели и победи на две трки Париз-Дакар.
205 стана најпродаваниот автомобил во Франција на сите времиња и беше исто така најекспортиран француски автомобил досега.

1987

ЛАНСИРАЊЕ НА 405

По успешното лансирање во 1987 година, по втор пат во својата историја, PEUGEOT ја освои наградата „Автомобил на годината во Европа“ во 1988 година со својот нов семеен автомобил 405.

1997

ЛАНСИРАЊЕ НА 406: КУПЕ ДИЗАЈНИРАНО ОД PININFARINA

Неговиот безвременски дизајн на Pininfarina добива колекционерска вредност.
Купето PEUGEOT 406 стана и првото купе со вграден дизел мотор (2001).

1998

ЛАНСИРАЊЕ НА 206, СО НАД 7 МИЛИОНИ ПРОИЗВЕДЕНИ ВОЗИЛА

PEUGEOT 206 беше уште едно најпродавано возило на брендот и трикратен светски шампион во рели. Неговата верзија CC (лансирана во 2000 година) повторно ја враќа модата на кабриолет купеата. Првиот кабриолет од PEUGEOT е претставен во 1934 година, со автоматски покрив од платно што може да се собере.

2016

ЛАНСИРАЊЕ НА 3008

Во 2017 година, новиот Peugeot 3008 беше прогласен за „Автомобил на годината“ од жирито составено од 58 новинари од Европа и импресионира со неговиот стил, внатрешен дизајн и перформанси.
Тоа беше првото SUV возило што ја доби оваа награда од почетокот на нејзиното долеување во 1964 година. Ова е петото Peugeot возило кое беше избрано за автомобил на годината по 308 во 2014 година, 307 во 2002 година, 405 во 1988 година и 504 во 1969 година.

2019

PEUGEOT PARTNER е избран за интернационално комерцијално возило за 2019.

Од 1992 година кога за прв пат е доделена оваа награда, новиот PEUGEOT PARTNER е петто возило на брендот кое го има добиено ова признание.
Две главни иновации го привлекуваат вниманието: “Оverload Indicator” за безбеднo товарање и “Surround Rear Vision” за прикажување на слепите точки на камерата.
PEUGEOT PARTNER се истакна со својата ексклузивна употреба на PEUGEOT i-Cockpit® за прв пат во светски рамки во овој сегмент, овозможувајќи целосно ново доживување за зголемена продуктивност.
Награда “International Van of the year” постои од 1992 година. Жирито e состaвено од 25 новинари и издавачи од независни списанија, специјализирани за лесни комерцијални возила.

2020

Новиот PEUGEOT 208 беше прогласен за „Автомобил на годината“ во Европа за 2020 година

Новиот PEUGEOT 208 беше прогласен за „Автомобил на годината“ во Европа за 2020 година од страна на жири составено од повеќе од 60 европски автомобилски новинари од 23 европски земји Жирито ги пофали различните опции за извор на енергија: електричен, бензински и дизел, што им овозможува на потрошувачите „Моќ на избор“. Покрај тоа, експертите го забележаа смелиот дизајн и технологијата кај новиот PEUGEOT 208. Новиот PEUGEOT 208 е шестиот автомобил на PEUGEOT избран за „Автомобил на годината“ во Европа.
Со шест трофеи, PEUGEOT влегува во „топ 3“ брендови со најмногу награди за автомобил на годината во историјата. Ова престижно признаније им се придружи на уште дванаесетте меѓународни признанија кои новиот PEUGEOT 208 веќе ги освои.