Новиот Peugeot e-Traveller
PEUGEOT e-TRAVELLER | ЕЛЕГАНТНО ЕЛЕКТРИЧНО КОМЕРЦИЈАЛНО ВОЗИЛО
Со PEUGEOT Traveller можете да откриете нов начин на патување и целосно да уживате во широко отворените простори. Ова фамилијарно возило со 8 седишта овозможува избор помеѓу дизел мотор или целосно електрична верзија.
ДИЗАЈН
НОВ НАЧИН НА ПАТУВАЊЕ
Со својот модерен преден дел, целосно електричниот
PEUGEOT е-Traveller има моќен карактер прикажан преку
елегантниот дизајн.
е-Traveller се прилагодува на Вашите барања благодарение
на 3-те должини (Компакт, Стандард и Долга). Модуларност
што овозможува превоз на 8 лица со волумен на багажникот
до 1500 l, до 5 лица со волумен на багажникот до 3000 l
или 4900 l доколку се извадат седиштата во 2-от и 3-от
ред.
ПОЗИЦИЈА НА ВОЗЕЊЕ
ЕДНОСТАВНОСТ И УДОБНОСТ
Во однос на внатрешноста, компактниот PEUGEOT Traveller
е посветен на удобноста при патување. Овозможен е лесен
пристап до подигнатите места за седење што обезбедува
подобра видливост и позиција за возење, типично за
лимузина возилата.
Cockpit-от се одликува со едноставен и модерен дизајн со
елегантни материјали и иновативна опрема. Ергономската
опрема, како што се head-up дисплејот* и 7” екран на
допир, секогаш се на дофат и прегледни.
Во целосно електричната верзија, инструмент таблата и
екранот на допир се совршено интегрирани во целосно
електричниот концепт, овозможувајќи преглед на протокот
на енергија.
Технологија
ACTIVE SAFETY BRAKE
Active Safety Brake* е систем за автоматско сопирање во
итни ситуации кој раегира кога ќе детектира неизбежен
удар. Камерата и радарот можат да детектираат подвижна
или неподвижна пречка. Доколку возачот не ја притисне
доволно или воопшто не ја притисне педалата за сопирање,
системот го активира системот за сопирање наместо него.
На овај начин избегнувате било каков удар на брзина под
30 km/h или да ги намалите последиците од ударот на било
која друга брзина.
*Како опција, дел од пакетот Drive Assist
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА НЕНАМЕРНО НАПУШТАЊЕ НА ЛЕНТА
Оваа функција* детектира кога возилото ги напушта
лентите на коловозот доколку не се активирани
интикаторите за правец. Звучното и визуелно
предупредување е корисно доколку возачот е поспан или
привремено изгуби концентрација.
*Достапно како опција како дел од пакетот за безбедност
Технички информации
ЕЛЕКТРИЧЕН МОТОР
Моторот од 100 kW (136 КС) обезбедува моќно забрзување со моментален вртежен момент на моторот од 260 Nm во режим Power, како и задоволство од флексибилното, динамично и тивко возење*.
*Сепак, запомнете дека треба да имате контрола врз Вашето возило и дека другите учесници во сообраќајот можеби нема да бидат навикнати на тивки возила.
АВТОНОМИЈА И ПОЛНЕЊЕ
Батеријата PEUGEOT e-Traveller ви овозможува да патувате до 230 km со 50 kWh и 330 km со 75 kWh според протоколот за сертификација WLTP* (Worldwide Harmonized Light Vehicles Test Procedures).
*Наведените вредности за опсегот и потрошувачката на енергија се во согласност со постапката за тестирање WLTP, врз основа на која одобруваат тип на нови возила од 1 септември 2018 година. Тие можат да варираат во зависност од реалните услови на употреба и разни фактори како што се: брзината, термичкиот комфор во возилото, стилот на возење и надворешната температура. Времето на полнење зависи особено од моќноста на полначот во возилото, кабелот за полнење, како и видот и моќноста на користената станица за полнење. За повеќе информации, задолжително контактирајте го Вашиот дилер или посетете ја веб страната на Peugeot за Вашата земја.