НОВ PEUGEOT PARTNER

partner.jpg

Основните потреби на професионалните купувачи се задоволени со новиот PEUGEOT PARTNER, кој им обезбедува максимална функционалност и целосна безбедност.

ДОКАЖАНО ПРОФЕСИОНАЛНО ВОЗИЛО

ДИМЕНЗИИ СПОРЕД ВАШИТЕ ПОТРЕБИ

peugeot-par-2018-032-fr-bis.460126.43.jpg

 Возилото е совршено дизајниранo со надворешна должина од 4,40m кај СТАНДАРД, верзијата што гарантира оптимална должина на товарниот простор од 1,81m. Оваа должина овозможува да се стават 2 еуро палети со волумен кој варира од 3,30m3 до 3,80m3 во зависност од верзијата.

Товарниот капацитет може да биде зголемен уште повеќе со ДОЛГАТА верзија кој достигнува 4,75m (+35cm). Има оптимална должина нa товарниот простор од 2,16m и волумен помеѓу 3,90m3 и 4,40m3.

За предниот дел на новиот PEUGEOT PARTNER е искористена модуларната EMP2 платформа која е основа за најновите модели на брендот. Оваа докажана платформа со пократок преден дел овозможува помал радиус на вртење за полесно маневрирање: дијаметарот на вртење помеѓу тротоарите кај СТАНДАРД верзијата е само 10,82m, а кај ДОЛГАТА верзија 11,43m.

Носивоста на товрниот простор е најдобра во сегментот од 650kg и 1000kg кај стандард верзијата и 950kg кај долгата верзија

Изберете “Loading Pack”i со подобрено LED осветлување на товарниот простор и 4 дополнителни прстени за прицврстување.

Начин на користење: мора да се користи мрежа за да се спречи било какво движење на предметите, внесени по должината на товарниот простор кон возачот.

МОДУЛАРНОСТ ЗА ПРИМЕР

ЗА КОМФОР ВО ВНАТРЕШНОСТА

Новиот PEUGEOT PARTNER може да биде опремен со модуларна Multiflex клупаi. Со оваа опрема добивате рамен под, волумен на товарен простор зголемен за 500 l и должина на товарен простор која може да достигне 3m во СТАНДАРД верзијата и дури 3,41m во ДОЛГАТА верзија, задржувајќи го капацитетот за превоз на 2 лица, благодарение на страничното седиште што може да се преклопи.
Со тоа што имате оција да го преклопите страничното седиште, може да транспортирате високи предмети.
Просторот за складирање под централното седиште се заклучува со катанец.

Преградите за складирање на предмети се дизајнирани за различни намени. Тие се лесно достапни и паметно распоредени низ кабината како што се: багажниот простор, просторот под покривот, долната и горната кутија за ракавици кои се пред совозачот. Горната кутија за ракавици го користи просторот кој го ослободува воздушното перниче кое се наоѓа во капакот на покривот. Просторот може да се користи како разладувачi и овозможува, доколку е потребно, складирање на 15" компјутер и користење на полнач со помош на 220 V приклучок.

За да се прицврсти товарот има 6 прстени кои се како стандардна опрема, а уште 4 прстени може да се додадат на средна висина. Oсветлувањето во товарниот простор е подобрено со 6 LED сијалички достапни како опција со “Loading Pack”.

Пристапот е преку страничните лизгачки вратиi и задните двокрилни врати (2/3-1/3) со отварање за 180° (капак како опција).