НОВ PEUGEOT PARTNER

partner.jpg

Комерицијално возило кое ќе Ви помогне во секојдневните работни обврски. Посебно внимание е посветено на дизајнот, удобноста и лесното користење. Новиот PEUGEOT PARTNER е создаден за професионалци кои сакаат да доживеат ново искуство во возењето.

ВАШИОТ ВИСТИНСКИ “БИЗНИС ПАРТНЕР”

Новиот PEUGEOT PARTNER има робустен преден дел со вертикална решетка и одлично дизајнирани предни светла. Пропорциите се совршено избалансирани со краток и хоризонтален капак на мотор, повисоко растојание од подот и пократок преден дел.
За оние кои поминуваат многу часови во нивното возило беше посветено посебно внимание на акустичниот комфор.

PEUGEOT i-COCKPIT®

ЗА ПРВ ПАТ ВО КОМЕРЦИЈАЛНО ВОЗИЛО

Кога ќе влезете во новиот Peugeot Partner вниманието Ви го привлекуваат инструмент таблата и PEUGEOT i-Cockpit®. Сè Ви е на дофат, возачот останува концентриран на динамичното и интуитивно возење благодарение на компактниот управувач. Основните информации важни при возење му се на видно поле на возачот и може да ги прочита без да го тргне погледот од патот. 8-инчниот екран на допирi, кој се наоѓа во средина, е свртен кон возачот и овозможува директен пристап до основните функции: радио, навигација, подесувања на возилото, телефон.

MULTIFLEX KLUPA

ЗА ПОУДОБНИ ПАТУВАЊА

Новиот PEUGEOT PARTNER може да биде опремен со Multiflex клупаi. Оваа опрема овозможува удобно да седнат 3 патници напред, така во возилото ќе може да се смести екипата која работи со Вас и алатот за работа, оптимизирајќи го времето за превоз. Централниот простор е поголем, благодарение на тоа што ја нема рачката од мануелната сопирачка.

Вашето возило е и подвижна канцеларија благодарение на масичката која е сместена во преклопливиот наслон на централното седиште. Масичката може да се ротира накај возачот или совозачот додека пак просторот за складирање предмети под централното седиште се заклучува со катанец.

Преградите за складирање на предмети се дизајнирани за различни намени. Тие се лесно достапни и паметно распоредени низ кабината како што се: багажниот простор, просторот под покривот, долната и горната кутија за ракавици кои се пред совозачот. Горната кутија за ракавици го користи просторот кој го ослободува воздушното перниче кое се наоѓа во капакот на покривот. Просторот може да служи како разладувачi и овозможува, доколку е потребно, складирање на 15" компјутер и користење на полнач со помош на 220V приклучок.

МОЖНОСТИ ЗА АДАПТАЦИЈА СПОРЕД ВАШИТЕ ПОТРЕБИ

Покрај вообичаените нивоа на завршна обработка, новиот PEUGEOT PARTNER нуди, за прв пат, « специјални верзии » прилагодени на специфичните потреби.
Верзијата GRIP, е создадена за потежок терен, за носење на тежок и долг товар и за удобно да се сместат до 3 патници.
Верзијата ASPHALT jе наменета за возачи кои поминуваат долги часови зад управувачот и кои имаат потреба од удобност и безбедност.
Со овие верзии имате повеќе можности, со цел да се прилагодат на вашите специфични потреби.
Можете исто така да ја изберете верзијата CREWCAB, достапна за прв пат како фабричка опција, со должина на товарен простор од 1,45 m што овозможува удобно да се сместат 5 патници, a истата без патници изнесува до 3,5m.

НОВ PEUGEOT PARTNER ASPHALT

ЗА ДОЛГИ ДЕСТИНАЦИИ

СПОКОЈСТВО, УДОБНОСТ И БЕЗБЕДНОСТ

Верзијата ASPHALT е наменета за возачи кои поминуваат долги часови зад управувачот и кои имаат потреба од удобност и безбедност. Оваа верзија има:

  • Подобрена звучна изолација за подобра акустика
  • Удобни седишта
  • Surround Rear Vision камераi i
  • Електрична паркирна сопирачка
  • 3D поврзана навигација со гласовна команда заедно со Peugeot Connect SOS & Assistancе
  • Темпомат и ограничувач на брзина
  • Сензор за дожд и за осветлување
  • Мануелен клима уред

НОВ PEUGEOT PARTNER GRIP

ЗА ВОЗЕЊЕ ПО НЕПРИСТАПЕН ТЕРЕН

ИЗДРЖЛИВОСТ, РОБУСТНОСТ И OFF-ROAD

Верзијата GRIP е создадена за потежок терен, за носење на тежок и долг товар и за удобно да се сместат до 3 патници.

Покрај моќноста оваа верзија има:

  • Зголемено растојание од подлогата
  • Големи тркала со пневматици за кал и снег
  • Напреден Grip Сontrol
  • 3 места напред
  • PVC заштита во товарниот простор
  • Носивост на товарен простор која е зголемена на 1000kg во стандард верзијата
  • Подобрено LED осветлување во товарниот простор
  • Резервно тркало

НОВ PEUGEOT PARTNER CREWCAB

ЗА ПРЕВОЗ ДО 5 ПАТНИЦИ

МОДУЛАРНОСТ, КОМФОР И ПРОИЗВОДСТВЕНА ДОСТАПНОСТ

Новиот PEUGEOT PARTNER можете исто така да го изберете во верзија CREWCAB достапна за прв пат како фабричка опција единствено во ДОЛГА верзија. Клупата во вториот ред е преземена од новиот PEUGEOT Rifter за да се создаде простор за патниците на задните седишта, а кој е доста просторен. Единствен во оваа категорија, седиштата во вториот ред како и совозачкото седиште, се преклопуваат за да се направи поголем простор во случај доколку се носи гломазен товар.

CREWCAB ви ги овозможува следниве конфигурации:

  • Превоз на 5 патници со должина на товарен простор до 1,45m и волумен на товарен простор од 1,8 m3.
  • Превоз на 4 патници со должина на товарен простор до 2,22m и волумен на товарен простор од 1,8 m3
  • Превоз на 2 патника со должина на товарен простор а до 2,00 m и волумен на товарен простор од 3,5 m3
  • Превоз на 1 патник со должина на товарен простор до 3,44m и волумен на товарен простор од 4 m3

Оваа верзија овозможува носивост на товарен простор од 850kg и достапна е со “Building Pack”i како дополнителна опрема.