НОВ SUV 3008



Откријте го новиот SUV PEUGEOT 3008 и неговиот уникатен револуционерен стил со веќе докажани SUV кодови. Неговите робустни линии комбинираат моќност и префинетост, динамика и елеганција. Современиот PEUGEOT i-Cockpit® како и гамата на иновативни технологии распоредени во внатрешноста се дизајнирани да ја зголемат Вашата удобност и безбедност. Благодарение на ефикасните мотори PLUG-IN HYBRID , БЕНЗИН и ДИЗЕЛ почувствувајте го агилното управување и задоволството при возење.

ОСВЕЖЕН ДИЗАЈН*

* Инспиративен дизајн

Новиот SUV PEUGEOT 3008 – Нова решетка без рамка

Надворешната линија на новиот SUV PEUGEOT 3008 го истакнува неговиот наметлив карактер, рамнотежа на моќност и префинетост. Неговиот нов преден дел му дава впечатлив индентитет. Овој врвен модел означува почеток на нова смела ера на современост.

НОВ ПРЕДЕН ДЕЛ

Новиот SUV PEUGEOT 3008 – Нова решетка без рамка

НОВИ ПРЕДНИ СВЕТЛА

Новиот SUV PEUGEOT 3008 - Нови FULL LED светла

ХРОМИРАН ДОДАТОК

Новиот SUV PEUGEOT 3008 – Профилни линии

НОВИ АЛУМИНИУМСКИ НАПЛАТКИ

Новиот SUV PEUGEOT 3008 - 19’’ San Francisco алуминиумски наплатки

НОВИ ЗАДНИ СВЕТЛА

Новиот SUV PEUGEOT 3008 - Нови задни светла во форма на 3-лавовски канџи

НОВ ПРЕДЕН ДЕЛ

Моќниот и префинет преден дел на новиот SUV PEUGEOT 3008, со својата вертикална решетка без рамка, што се протега кон предните светла, ги најавува естетските кодови на иднината.

НОВИ ПРЕДНИ СВЕТЛА

Потписот на предното осветлување уште од почетното ниво вклучува LED предни светла истакнати со DRL светла во форма на карактеристичните „осветлени заби“ на PEUGEOT кои се препознаваат на прв поглед, како и Full LED предните светла опремени со функцијата SDL*.i.

ХРОМИРАН ДОДАТОК

Хромираниот додаток на предното крило ги издолжува предните светла и продолжува кон хромираниот кровниот раб, до задниот спојлер. Софистицирана и динамична, оваа линија го следи движењето на силуетата на новиот SUV PEUGEOT 3008.

НОВИ АЛУМИНИУМСКИ НАПЛАТКИ

НОВИ АЛУМИНИУМСКИ НАПЛАТКИ Новите алуминиумски наплатки 19’’ San Francisco i,со дијамантски сјај и сосема нов дизајн, широките заштитни лакови на тркалата и цврстите прагови на вратите ја подобруваат робустната динамика на новиот SUV PEUGEOT 3008.

НОВИ ЗАДНИ СВЕТЛА

На задниот дел, новите светла PEUGEOT со Full LED технологија вклучуваат карактеристични 3D светла во форма на лавовски канџи и индикатори за менување на правец. Светлата се покриени со транспарентно придушено стакло, издолжувајќи ја црната лента на багажникот од двете страни на возилото, што визуелно го зголемува задниот дел на возилото и добива поспортски изглед.

ОПЦИЈА "BLACK PACK"

Новиот SUV PEUGEOT 3008 – Oпција Black Pack – слика од предниот дел на возилотo
Новиот SUV PEUGEOT 3008 – Oпција Black Pack – слика од задниот дел на возилотo
Новиот SUV PEUGEOT 3008 – 19’’ Washington алуминиумски наплатки

Дајте му на Вашиот нов SUV PEUGEOT 3008 уште поголема динамика и елеганција, есклузивно на верзиите GT и GT Pack, со опцијата „Black Pack“ и специфичните „црни“ елементи.
- Бидете препознатливи и додајте свој белег со целосно новата боја „Dark Chrome“ на решетката и аблемот Лав.
- Монограмите "3008", "GT" и "PEUGEOT" се во Црна Satin боја, кои што одлично одговараат со кровните носачи.
- Завршните детали на крилниот дел, покривот, спојлерот и лентата на задниот браник се обоени во сјајно црна боја.
- Впечатливите 19'' Washington алуминиумски наплатки се карактеризираат со Black Onyx лак со Black MIST тон.

ПОДОБРЕНО ИСКУСТВО

Новиот SUV PEUGEOT 3008 - Голем термален ентериер во црвена кожа - слика Новиот SUV PEUGEOT 3008 hybrid - Голем хибриден ентериер - слика

УНИКАТНО ИСКУСТВО СО PEUGEOT i-COCKPIT®

Со сега обновениот PEUGEOT i-Cockpit®, кој гарантира најдобра ергономска позиција за возење во гамата, искуството при возење во новиот PEUGEOT 3008 SUV станува едноставно и интуитивно, за уште поголема удобност и безбедност.
Неговиот компактен мултифункционален управувач овозможува повеќе сензации и маневрирање. Новиот 10" капацитивен екран на допир е комбиниран со 3D навигација со говорна контрола и multi-touch i технологија. Елегантните хромирани Toggle дирки овозможуваат брз и интуитивен пристап до различните функции за удобност. Конфигуративниот i висококвалитетен head-up дигитален дисплеј, може лесно да се прилагоди i што значи дека возачот не мора да го тргне погледот од патот.
На plug-in хибридната верзија, PEUGEOT i-Cockpit® вклучува дисплеј кој Ви овозможува да имате прегледност на специфичните информации за возење на иструмент таблата во Вашето видно поле (режим на возење, електричен мерач на нивото на полнење и преостанат електричен опсег) и на екранот на допир, статистика за потрошувачка на енергија (електрична и гориво).

Новиот SUV PEUGEOT 3008 – Поврзан HD екран на допир - слика

ПОВРЗАНОСТ

PEUGEOT Connect овозможува пристап до поврзаните услуги со навигација TomTomi за да ги видите информациите за сообраќајот, паркинг, цените на горивото или временските услови, и тн.
Со функцијата Mirror Screeniможете да ги користите апликациите од Вашиот телефон кои се компатибилни со Apple CarPlayTM или Android AutoTM на Вашиот екран на допир за да останете поврзани постојано, благодарение на местото за безжично полнењеi каде што се вклопува Вашиот телефон.
Патниците на задните седишта имаат два USB приклучока за нивните преносливи уреди.
Технолошка иновација, системот Hi-Fi FOCAL® може да се пофали со исклучителен квалитет на звукот.
Централните звучници и високотонците се во нова боја Bronze Belem, додека нискотонецот е сместен под совозачкото седиште и со тоа ослободува простор во багажникот.

МОТОРИ

НАЈНОВА ТЕХНОЛОГИЈА*

*Интелигентни технологии

Со новиот SUV PEUGEOT 3008, имате можност да изберете мотор без да ги „жртвувате“ карактеристиките што ги очекувате од возилото PEUGEOT: пространа внатрешност, задоволителен волумен на багажникот и пред сè, задоволство при возењето.

Moтори со внатрешно согорување

Широкиот асортиман на мотори со внатрешно согорување на новиот SUV PEUGEOT 3008 е целосно опремен со системот Stop & Start

- Бензински мотори за задоволство при возењето и перформанси на високо ниво:

  • PureTech 130 КС S&S BVM6,
  • PureTech 130 КС S&S EAT8
  • PureTech 180 КС S&S EAT8.

- Дизел мотори кои комбинираат високи перформанси со намалени емисии:

  • BlueHDi 130 КС S&S BVM6,
  • BlueHDi 130 КС S&S EAT8.

Автоматскиот менувач EAT8i со контроли за менување на уравувачот и електрична контрола, овозможува брзо и прецизно менување на степените на пренос благодарение на технологијата Quickshift. Оваа оптимизација на степените на пренос резултира со економичност на горивото и удобност на корисникот и ги интензивира задоволството и удобноста при возење.

Новиот SUV PEUGEOT 3008 hybrid- хибридни мотори

Plug-in хибридни мотори

Новиот PEUGEOT 3008 SUV PLUG-IN HYBRID е достапен во HYBRID4 верзија (погон на 4 тркала, 300 КС). Комбинира:

  • 147 kW/200 КС PureTech бензински мотор
  • два 80 kW/110 КС електрични мотори

Електричната батерија од 13,2 kWh обезбедува електричен опсег од 59 km WLTPi (69 km NEDCi).

Исто така достапно и во HYBRID верзијата (погон на 2 тркала, 225 КС). Комбинира:

  • 132 kW/180 КС PureTech бензински мотор
  • 80 kW/110 КС електричен мотор

Електричната батерија од 13,2 kWh обезбедува електричен опсег од 56 km - WLTP i (65 km – NEDCi).

ИНОВАТИВНИ ТЕХНОЛОГИИ

Новиот SUV PEUGEOT 3008 – Најнова генерација на системи за “помош при возење”

Најновата генерација на системи за „помош при возење“во новиот PEUGEOT 3008 SUV дополнително ја подобрува удобноста и безбедноста во внатрешноста и Ве придружуваат на патот кон автономно возење.

Без разлика дали ги детектираат знаците на патот (проширено препознавање на знаци на патиштата) и дали Ви помагаат во сообраќајот (Drive Assist Plus Pack, "ACC", Адаптивен темпомат со функција Stop & Goi, Помош за одржување лента со детектирање каде завршува патот или анализираат Вашата околина (Активно детектирање на слепи точки), системите за помош се дизајнирана за возење во целосен спокој.

Новиот SUV PEUGEOT 3008 – Night Vision помош при возење-слика

NIGHT VISION

При ноќно возење, ексклузивниот систем „Night Visioni“ со инфрацрвена камера ќе детектира присуство на пешаци или животни до 200m пред возилото, надвор од опсегот на предните светла и ќе Ве предупреди со сигнал за тревога. Автоматско сопирање во итни случаи може да се активира и доколку пешаците или велосипедистите се наоѓаат во близина на возилото.

Новиот SUV PEUGEOT 3008 HYBRID – со погон на 4 тркала-слика

НАПРЕДЕН GRIP CONTROL

Напредниот Grip Control е пакет кој се состои од оптимизирана контрола на тракцијатаi, конкретни пневматици i и функцијата Hill Assist Descent Controli. Овозможува да го прилагодите држењето во различни услови: снег, кал, песок.

Високите перформанси на верзијата HYBRID4, со погон на 4 тркала, овозможува подобра тракција на патот или на тешки терени и исто така има придобивки од функцијата Hill Assist Descent Control.

NIGHT VISION
GRIP CONTROL


ПОВРЗАНИ УСЛУГИ

ПОДОБРЕТЕ ГО ВАШЕТО PEUGEOT ИСКУСТВО

Со достапноста на повеќе услуги, придобивките се бесконечни. Откријте ја поврзаноста на начинот на PEUGEOT.

АПЛИКАЦИЈАТА MYPEUGEOT®

ОСТАНЕТЕ ПОВРЗАНИ СО ВАШЕТО ВОЗИЛО

Новиот SUV PEUGEOT 3008 – Aпликација MyPeugeot

Искористете ги персоналните услуги во реално време, синхронизирани со Вашата корисничка сметка, преку бесплатната апликација Мy Peugeot:i.

  • Внимавајте на статусот на Вашето возило (податоци за настан, локација).
  • Брз и лесен пристап до помошта при возење.
  • Управувајте со барањата за одржување и сервис на Вашето возило.
  • Лесно управувајте со полнењето на батеријата и температурата во патничкиот простор во Вашиот нов plug-in hybrid 3008 SUV.

ГАЛЕРИЈА