ЕЛЕКТРИЧНА ТЕХНОЛОГИЈА

PEUGEOT електричните мотори овозможуваат беспрекорно, безвучно возење со 0 емисија на CO2.
Новиот PEUGEOT 208 и новиот SUV PEUGEOT 2008 се достапни и со електричен погон.

peugeot-208-1902hm103-newcrop.627818.43.jpg

МОТОР

Компактен и еластичен

МОТОР

Електричниот мотор нуди максимална моќ од 100kW / 110 КС и може да достигне вртежен момент од 260 Nm.
Нуди максимално уживање при возењето преку: редуцирани вибрации, тивка работа на моторот и 0 емисија на CO2.

Работата на електричниот мотор е потпомогната со други два елементи:

  • Инвертор: тој ја претвора еднонасочната струја која ја обезбедува батеријата во наизменична струја која ја користи електричниот мотор. Инверторот е поставен помеѓу батеријата и електричниот мотор.
  • Редуктор: електричното возило нема менувач на брзини туку редуктор. Ова ни овозможува да брзината на вртење на електричниот мотор, биде компатибилна со вообичаениот опсег на брзина на возилото.

БАТЕРИЈА

Батерија со високи перформанси

Батерија со високи перформанси

Во високонапонската литиум-јонска батерија (400V) се складира електричната енергија. Таа е сместена под подот на кабината и истовремено не го намалува просторот за патници или товарниот простор. Батеријата има капацитет од 50 kWh, максимална моќност од 100 kW и автономија (опсег) од 340 kmi согласно WLTP нормите.

Со термална регулација која што се одвива преку циркулација на разладна течност и топлотна пумпа, се овозможува брзо полнење, оптимизирање на опсегот и продолжување на животниот век.

Бидете спокојни, батеријата има гаранција од 8 години или изминати 160.000 km, по чие надминување батеријата ќе има капацитет од 70%.

ПОЛНЕЊЕ

Едноставно и брзо

ПОЛНЕЊЕ

Дискретно лоциран, приклучокот за полнење се наоѓа на задната лева страна на возилото.
Време потребно за надополнување на батеријата:

  • Помалку од 16 часа при употреба на 3,7 kW полнач од 16А.
  • 5 часа при употреба на ѕиден полнач од 22kW, и полнач од 11kW i на возилото. Ние ви нудиме соодветно решение за негово вградување кај вас.
  • 80% од батеријата може да биде наполнета за 30 минути i, благодарение на термалната регулација на батеријата и користење на 100kW полначи.

На работа, дома или на пат, сегаде постои решение за полнење на вашето возило. На Интернет, можете да ги пребарате јавно достапните полначи во вашата околина или на релацијата која имате план да ја изминте.

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА ЕЛЕКТРИЧНОТО ПОЛНЕЊЕ

ПЛАТФОРМА е-CMP

Нова платформа е дизајнирана да се адаптира за електрични возила

PEUGEOT ПЛАТФОРМА е-CMP

Новата модуларна е-CMP платформа беше развиена со цел да направи оптимизација на просторот, за интегрирање на сите специфични уреди и елементи, без тоа да влијае на перформансите на возилото кое може да биде погонувaно и од мотор на внатрешно согорување.

ЗБОГАТЕНО ВОЗЕЊЕ

100% електричен

100% електричен

PEUGEOT i-Cockpit® 3D 

Нашите електрични возила се опремени со револуционерен PEUGEOT 3D i-Cockpit®, со компактен управувач кој има намалени димензии, со 3D инструмент табла која може да ја конфигурирате по ваш избор, голем 10’’ HD екран на допир кој може да биде управуван и со гласовна команда, тастатура “7 пиано” за скратени команди, сè со цел да ви овозможиме интуитивно, ергономично и сосема ново чувство при возењето. Дополнително имате можност да го персонализирате просторот во кабината, преку осветлување на ентериерот со избор на 8-те достапни бои.

АСИСТЕНЦИЈА ПРИ ВОЗЕЊЕ

Новиот систем за асистенција при возењето, отвора сосема нова ера на полуавтономното и интелигентно возење благодарение на вградените радари и камери: систем за предупредување на ненамерно напуштање на коловозна лента, регулирање на брзината и безбедносното растојание со автомобилот напред, до застанување доколку е потребно и повторно стартување.

РЕГЕНЕРАТИВНО КОЧЕЊЕ

РЕГЕНЕРАТИВНО КОЧЕЊЕ

Преку активирање на режимот „сопирање“ со повлекување на палката од менувачот наназад, го активирате моторно кочење кое овозможува полнење на батеријата за време на забавувањето. Штом ја ослободите педалата за гас, електричниот мотор генерира eлектрична енергија.

3 РЕЖИМИ НА ВОЗЕЊЕ

Прилагодени на вашите потреби, постојат три режими на возење: Sport, Normal и Eco кои ви овозможуваат да ги конфигурирате параметрите на возење:

  • Sport: дава предност на перформансите со максималната моќност и максимален вртежен момент при возењето (забрзување од 0 до 100km/h за 8,1 секунди).
  • Normal: најсоодветен режим со оптимален комфор за дневна употреба.
  • Eco: оптимизирање на автономијата и батеријата, преку редуцирање на одредени опции.