НОВИОТ 508

ПРИВЛЕЧНОСТ КОЈА ПОВИКУВА НА ВОЗЕЊЕ

Подготвени сте да ја запознаете нашата врвна лимузина? Со ново и иновативно лице, спортски низок став и позиција на возење, новиот PEUGEOT 508 Ви овозможува искуство како никогаш досега. Подгответе се да искусите поинтензивни возачки сензации, без разлика дали ќе изберете Plug-In Hybrid, бензинец или дизел.

• 100% електричен режим: до 64 km

• Време на полнење: 1 ч. 40 мин.

• Комбинирана потрошувачка: 1.1 l / 100 km

• Емисија на СО2 (комбинирано): 25 g/km

• Moќност: PLUG-IN HYBRID 225 КС е-ЕАТ8 (165 kW)

ПОРАДИКАЛНА ПРИВЛЕЧНА ЛИМУЗИНА

Ново лого. Светлосен потпис PEUGEOT Matrix LED предни светла во форма на три канџи. Full LED задни светла во форма на три канџи. Ниска силуета инспирирана од купе. Уникатно карактеристичен преден дизајн. Новиот PEUGEOT 508 е модел на иднината.

ИСТАКНЕТЕ ГО ВАШИОТ СТИЛ

Дозволете си да бидете заведени од новата сива Selenium нијанса - една од 7-те достапни бои.

ИНТЕНЗИВНИ ЕМОЦИИ

Со најнова генерација на технологија, новиот PEUGEOT 508 буди моќни емоции на вистински предводник.

Style image
PEUGEOT i-Cockpit®

Style image
АДАПТИВНА СУСПЕНЗИЈА

Style image
NIGHT VISION СИСТЕМ

Style image
ЕЛЕКТРИЧНА МАСАЖА НА СЕДИШТАТА

1 / 4
PEUGEOT i-COCKPIT®

Откријте ја најновата генерација на PEUGEOT i-Cockpit® со компкатниот управувач, конфигурачкиот head-up дисплеј, 10“ HD екран на допир и елегантните копчиња во форма на дирки на пијано.

Со безжичната технологија Mirror Screen компатибилните апликации на Вашиот паметен телефон ќе се прикажат на екранот на допир беспрекорно.

ИЗВОНРЕДНОСТ КОЈА ОСВОЈУВА

Од моќноста на моторот до материјалите и поврзувањето, новиот PEUGEOT 508 PLUG-IN HYBRID ја става секоја иновација на PEUGEOT во прв план.

1 / 3
ЕЛЕГАНТНИ ЛИНИИ

Новиот PEUGEOT 508 e суштината на бескомпромисниот дизајн.

Врвната лимузина комбинира впечатливи линии со елегантни врати без рамка, прикажувајќи совршено избалансирани пропорции и добро смислено изработени детали.

Новите 18“ алуминиумски фелни EPHERRA додаваат елеганција истакнувајќи го аеродинамичниот дизајн на возилото.

1 / 3
ДИМЕНЗИИ

НАДВОРЕШНИ ДИМЕНЗИИ КАЈ PEUGEOT 508

Врвна лимузина од секој агол

• Должина: 4750 mm
• Ширина (без надворешни ретровизири): 1859 mm
• Висина: 1403 mm