Новиот Peugeot 308

Peugeot 308 и 308 HYBRID | компактен хечбек
со мотор со внатрешно согорување или хибрид

Интензивно заводлив, новиот PEUGEOT 308 плени со својот моќен и динамичен карактер. За да уживате во секој момент, искористете ги иновативните и практични технологии што ги овозможува новиот Peugeot i-Cockpit® што го подобрува Вашето искуство. За удобност при возење, нудејќи ја најдобрата комбинација на ефикасност и перформанси, откријте ја моќта на изборот* благодарение на широката палета на бензински, дизел или plug-in хибридни мотори со опсег до 60 km**.

Дизајн

1 / 3
Новиот PEUGEOT 308 – Новото PEUGEOT лого на решетката

Впечатливата силуета на новиот PEUGEOT 308 изгледа динамично од секој агол. Неговите елегантни, атлетски линии со смели пропорции го истакнуваат моќниот карактер:
- Наметливата вертикална и голема решетка продолжува со долгиот капак на моторот.
- Задниот дел е робустен и моќен, а неговата аеродинамика е нагласена со спуштената линија на покривот. Тој е видливо поголем, цврсто стои на своите тркала.
- Истакнатиот и флуиден профил го открива неговиот атлетски изглед.

1 / 3
ИНТЕЗИВНА ЗАВОДЛИВОСТ

Интензивно заводливиот дизајн на новиот PEUGEOT 308 Ве oсвојува на прв поглед. Тоа е првото возило што го носи новото лого на PEUGEOT, безвременскиот идентитет на брендот, комбинирајќи ја историјата и ултрамодерноста. Новиот амблем, со својот современ изглед, гордо стои на решетката. Монограмот 308 го краси капакот на моторот, со преден дел што го сигнализира новиот изглед.

PEUGEOT i-COCKPIT®


TECHNO SPIRIT

Новиот PEUGEOT i-Cockpit® е ергономски и интуитивен, овозможува лесен пристап до сите внимателно дизајнирани функции за да го трансформираат времето на патување во квалитетно време.

- Новиот компактен управувач со опција за греење кој ги обединува сите контроли*.
- Нова дигитална head-up** или 3D дигитална холографска*** инструмент табла.

За заедничко искуство во внатрешноста, патниците лесно можат да пристапат до PEUGEOT i-Cockpit®:
- Нов интуитивен и прилагодлив multi-window екран на допир**** и нови виртуелни i-toggles дирки*****.
- Нова централна конзола со повеќе простор за складирање.

1 / 5
ДИЗАЈН И ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ПОДОБРА УДОБНОСТ

Сите информации кои му се потребни на возачот се прикажани на новата инструмент табла.

Сместена на ниво на погледот, оваа инструмент табла вклучува 10-инчен дигитален екран од Active Pack нивото на опременост. Во верзијата GT, преминува во третата димензија со 3D i-Cockpit®.

Целосно конфигурирачката и прилагодлива инструмент табла има неколку режими на приказ (Навигација, Радио / медиа, системите за помош при возење, проток на енергија итн.)

1 / 2
СЛОБОДА НА ИЗБОР

Со новиот PEUGEOT 308, имате слобода да ја одберете својата енергија и можете да уживате во примерното држење на патот, врвната удобност и одличното задоволство при возењето.

- Дозволете си ја разноврсноста на хибридот и до 60 km WLTP * автономија во електричен режим.
- Со внатрешно согорување, изберете од моќните и ефикасни мотори PureTech или BlueHDi, сите опремени со системот Stop & Start.

Технологија

1 / 4
ЗАДОВОЛСТВО ПРИ ВОЗЕЊЕ КАКО НИКОГАШ ДО СЕГА

Новиот PEUGEOT 308 е опремен со бројни системи за помош при возење и маневрирање за да ја зголеми Вашата удобност и безбедност, особено:

- Нова камера од 180* со висока резолуција со заден поглед**
- Помош при паркирање 360° со четири камери***
- Следење на мртви точки со долг дострел***

И Ви помага кон полуавтономно возење со:

- Адаптивен темпомат со функција Stop & Go**
- Активна помош за одржување лента**

Технички информации

undefinedimage

PLUG-IN HYBRID МОТОРИ

HYBRID 225 e-EAT8, комбинира:

• PureTech мотор од 180 КС (132 kW)*
• 81 kW електричен мотор
• Нов е-EAT8 електрифициран автоматски менувач со 8 степени

HYBRID 180 e-EAT8, комбинира:
• PureTech мотор од 150 КС (110 kW)**
• 81 kW електричен мотор
• Нов е-EAT8 електрифициран автоматски менувач со 8 степени

Електричната батерија од 12,4 kWh обезбедува 100 % eлектричен опсег до 60 km WLTP***

undefinedimage

AВТОНОМИЈА И ПОЛНЕЊЕ

ДО 60 KM (WLTP) ВО ЕЛЕКТРИЧЕН РЕЖИМ

Опсегот на возење на литиум-јонската батерија на новиот PEUGEOT 308 HYBRID Ви овозможува да патувате до 60 km во електричен режим според протоколот за сертификација WLTP* (Светска процедура за тестирање на хармонизирани лесни возила).

undefinedimage

MОТОРИ PURETECH И BLUEHDI

Новиот PEUGEOT 308 е опремен со најновата генерација на Euro 6* мотори со ниска емисија на CO2, сите опремени со Stop & Start.

Бензински**, 3 цилиндрични мотори од 1,2 l:
• PureTech 110КС S&S BVM6,
• PureTech 130КС S&S BVM6,
• PureTech 130КС S&S EAT8***.

Дизел**, 4 цилиндрични мотори од 1,5 l:
• BlueHdi 130КС S&S BVM6,
• BlueHdi 130КС S&S EAT8***.

1 / 3
НАДВОРЕШНИ ДИМЕНЗИИ НА НОВИОТ 308

Должина: 4367 mm
Ширина: 1859 mm
Висина: 1441 mm