Полнење на plug-in хибридно возило
Полнење на plug-in хибридно возило
PEUGEOT plug-in хибридните возила се дизајнирани така што лесно и интуитивно се полнат. Откако ќе се вклучи, дисплејот во боја го покажува напредок на полнењето. Отворот за полнење е на задното лево крило, а кабелот за полнење можете да го чувате под подот на багажникот. Неговото време на полнење зависи од моќноста на приклучокот и од терминалот за полнење. За да се зголеми автономијата во целосниот електричен режим, plug-in хибридните возила на Peugeot нудат различни решенија за полнење.
Приватно полнење
Полнењето на Вашиот plug-in хибридно возило е лесно. Нашите решенија за полнење се прилагодуваат на тоа да го наполните Вашето возило дома или работа, со или без одредена инсталација. Оптимизирајте го времето за полнење со избирање на тоа што најмногу Ви одговара.
Различни типови на приватен полнач
Јавно полнење
Кога сте на пат, користете јавни полначи, за да го наполните Вашето Peugeot електрично возило Времето на полнење е во директна корелација со моќноста (kW) на кабелот кој ќе биде употребен како и моќноста на инверторот вграден во возилото