Полнење на електрично возило

Приватно полнење

Наполнете го Вашето електрично возило кога сте дома или на работно место, со или без специфична инсталација. Во домот или на работа, нашите опции за полнење се прилагодуваат на Вашите можности. Во зависност од инсталацијата за полнење која ја имате избрано, времето на полнење на Вашето електрично возило ќе биде оптимизирано.

1 / 2
Ѕиден полнач

Полнете го возилото со поголема моќност и брзина. Обновете ја целата автономија за неколку часа. Имајте во предвид дека пред да се инсталира ѕидниот приклучок, потребно е да се изврши дијагностика. Полнењето на домашен полнач е ограничено, употребата на ѕидниот приклучок Ви овозможува значителна заштеда на времето за полнење. За дополнителни информации обратете се до Вашиот снабдувач со електрична енергија. Потребни се: 5 часа со 11Kw кутија за полнење, доколку инверторот на возилото е со моќност од 11kW. За целосно наполнета батерија на електричното возило. 7.5 часа на 7.4kWh ѕиден приклучок, за целосно да го наполните Вашиот Peugeot e-208.

Типови на станици за полнење

Постојат голем број на стандардни и брзи терминали за полнење низ целата земја, управувани од различни мрежи. Многумина се целосно бесплатни за употреба. Другите за кои плаќате, или според времето поминато на приклучок, или количината на енергија што ја користите.

За да дознаете што има во Вашатаобласт, кој управува со терминалите и дали треба да платите за да ги користите, посетете ја страницата: https://emobility.evn.mk/with-us/Electromobility-with-EVN.aspx

1 / 3
22 kW (AC) станици за полнење

Надополнете го Вашето возило додека гледате филм. 2 часа Со користење на 11kW полнач, ќе ви бидат потребни 2 часа за да надополните 40% од батеријата.

Кои се основните карактеристики на батеријата?

Електричните возила на Peugeot се опремени со батерија од 50 kWh и истата е вклучена во цената на возилото. Батеријата има гаранција 8 години или 160.000 km до 70% од нејзиниот капацитет за полнење. За време на гарантниот период, PEUGEOT се обврзува да ги замени оштетените батерии.

Дознај повеќе за електричната гама

Дали имате прашања во врска со електрични возила?