САНИТАРНА СОСТОЈБА (COVID-19)

САНИТАРНА СОСТОЈБА (COVID-19)


Почитувани,
За нас, здравјето и благосостојбата на нашите вработени и клиенти е приоритет број еден.

Сите продажно сервисни локации на Peugeot во Северна Македонија се отворени и со задоволство ќе Ви помогнеме при сите Ваши барања во врска со купување на ново возило или со сервисирање на возилото кое го користите. При тоа, бидете информирани дека ги почитуваме препораките и одржуваме безбедна дистанца.

PEUGEOT брендот, Еуроимпекс и дилерската мрежа и понатаму одговорно ќе се придржуваат на најновите насоки, препораки и совети дадени од Светската здравствена организација и Владата на Република Северна Македонија, грижејќи се за здравјето и благосостојбата на сите луѓе.

Свесни сме дека состојбата е загрижувачка. Но, бидете уверени дека сите во PEUGEOT се фокусирани да Ви овозможат безбедно искуство со нас. Доколку имате какви било грижи или прашања Ве замолуваме да нè контактирате.

COVID-19 | Нашиот тим останува на Ваше располагање, побарајте термин за сервисирање на Вашето возило.