210 ГОДИНИ

210 ANNI PEUGEOT



НАШИОТ 210 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ

Придружете ни се на прославата на 210-годишнината и прошетајте низ нашата историја: следете го менито и дознајте за 12-те главни моменти на брендот PEUGEOT

i вашиот пребарувач не поддржува видео

210 години историја, 210 години незаборавни моменти.

Голем предизвик беше да се изберат само 12. 
Навлезете длабоко во нашата историја преку овие 12 видеа што ги прикажуваат клучните моменти на Брендот. 

i вашиот пребарувач не поддржува видео

 

Armand PEUGEOT

„Не плашете се од ништо. Само верувајте “. 
Да се навратиме назад во 1882 година. Сè започна со визијата на еден човек кој сакаше да направи револуција во транспортот. Започнувајќи со велосипеди, а потоа напредувајќи со автомобили, страста на Armand за сè што е на тркала и големата љубопитност која беше причина да ги прави работите поинаку, го водеа PEUGEOT низ сите овие години. 

i вашиот пребарувач не поддржува видео

 

PEUGEOT на WRC

Песок, кал и прашина: откријте го кралството со кое владееше PEUGEOT со децении.По победата на релито „Сафари“ во 1978 година, и потоа во првата натпреварувачка сезона; ја освои титулата шампион помеѓу конструкторите, PEUGEOT влезе во светот на релито. Ова беше само почеток на долгата низа победи што го направи PEUGEOT шампион на овие терени. 

i вашиот пребарувач не поддржува видео

 

Le Mans 1993

Знаете што е подобро од тоа да се биде на врвот на подиумот? Да ги имате сите места на подиумот! 
Во 1993 година, три PEUGEOT 905 влегоа во митската 24-часовна трка Le Mans. PEUGEOT сакаше да направи трка за паметење и токму тоа го направија. По исцрпувачката, тешка борба, PEUGEOT ги освои 1., 2. и 3. место: тогаш се роди легендата на Le Mans. 

i вашиот пребарувач не поддржува видео

 

6 НАГРАДИ „АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА“ ВО ЕВРОПА

„Невозможно“ не е опција за PEUGEOT. 
Што е заедничко за 1969, 1988, 2002, 2014, 2017 и 2020 година? Секоја година претставува златна година затоа што PEUGEOT ја освои најпрестижната награда во производството на автомобили: „Автомобил на годината“ во Европа. PEUGEOT победи 6 пати, што претставува рекорден број помеѓу автомобилските произведувачи. 

i вашиот пребарувач не поддржува видео

 

Pikes Peak

Еден од најепските, најопасните и најдивите ридови на планетата. 
Во 1998 и ’99 година PEUGEOT 406 T16 двапати по ред славеше победа на оваа меѓународна трка. Лавот PEUGEOT повторно се врати по 25 години - овој пат зад управувачот беше Sébastien LOEB . Тој не само што победи, тој го сруши рекордот и постави нови стандарди за оваа епска трка „до облаците“. 

i вашиот пребарувач не поддржува видео

 

Type 1, 2, 3

Во 1889 година на Светскиот саем во Париз, Armand PEUGEOT го покажа својот прв автомобил, со погон на пареа Type 1. После тоа, моторите со внатрешно согорување беа претставени, а Type 2 и Type 3 го следеа овој тренд. Велеа наслетството на PEUGEOT беше родено.

i вашиот пребарувач не поддржува видео

 

e-LEGEND

Кога минатото и иднината ќе се сретнат, легенда се раѓа. 
Во 2018 година на саемот за автомобили во Париз е претставен концепт автомобил, толпата се собра да го открие неговиот целосно електричен мотор и футуристички / ретро изглед. Тоа не е сè. Илјадници луѓе се залагаа преку Интернет да се произведе овој извонреден прототип и е-Legend наскоро ќе стане реалност. 

i вашиот пребарувач не поддржува видео

 

PEUGEOT 205

Запознајте го автомобилот во кој не може, а да не се вљубите. 
Повеќе од само практичен хечбек или незаборавен прв автомобил. 205 е автомобилска легенда и стилска икона. Од изведбата Roland Garros до изведбите за секојдневен живот, ги освои рели шампионатите и срцата на јавноста од 1983 година, продавајќи над 5 милиони возила за 15 години. 

i вашиот пребарувач не поддржува видео

 

PEUGEOT 404

Еден број. Еден автомобил. Една икона. 
Елегантен, модерен и повеќе како модно обележје отколку фамилијарна лимузина, PEUGEOT 404 беше конструиран пред 60 години од авангардните дизајни на Pininfarina. Оттогаш тој е преработен во различни верзии, вклучувајќи супер луксузна, кабриолет и караван вeрзија. 

i вашиот пребарувач не поддржува видео

 

„ШАРЛАТАНИТЕ“ НА INDY 500

Откријте зошто на тројца млади момчиња им бил даден овој прекар, и како докажаа дека сите грешат.
Тројца млади момчиња од PEUGEOT, Georges Boillet, Jules Goux и Paolo Zuccarelli, кои поинаку ги перципираа моторите, решија да создадат свој автомобил за трки. Тие го создадоа PEUGEOT L76, револуционерен тркачки автомобил со полесен, поекономичен мотор. Дебатираа во 1913 година, го освоија Indy 500 и станаа првите Европејци кои го направија тоа. 

i вашиот пребарувач не поддржува видео

 

ВРАБОТЕНИТЕ

Едноставно е. Без нив, PEUGEOT не би постоел. 
Тоа се луѓето кои го прават PEUGEOT. Нивниот талент и креативност ја продолжува оригиналната визија на Armand PEUGEOT за модернизација на автомобилот, освојувајќи 160 земји и обезбедувајќи технологија и услуги кои го движат PEUGEOT кон иднината. 

i вашиот пребарувач не поддржува видео

 

401 ECLIPSE

Пронајдокот што го потресе автомобилскиот свет.  
Во 1932 година, George PAULIN сонувал да вози под отворено небо без непријатностите од покрив што протекува. Негова идеја беше да направи тврд покрив кој може да се собира. Откако беа воодушевени од оваа идеја, PEUGEOT повеќе од 60 години го применува цврстиот склоплив покрив на PAULIN.