НОВ PEUGEOT PARTNER

partner.jpg

“SURROUND REAR VISION” КАМЕРА

ЗА ПОГОЛЕМА ПРЕГЛЕДНОСТ

SURROUND REAR VISION

Со новиот PEUGEOT Partner бидете помеѓу првите кои ќе уживате во функцијата Surround Rear Visioni.

Оваа иновација го олеснува и го прави побезбедно возењето и овозможува поголема прегледност. Оваа функција овозможува на екранот, кој се наоѓа на местото на централниот внатрешен ретровизор на ветробранското стакло, со помош на двете камериi, да се следи околината околу вашето возило, без разлика дали задните врати од возилото се без прозорци или возилото има целосна преграда.

Овој систем има три типа на прегледност:
- Поглед од станата на совозачот за намалување на слепите точки.
- Прегледност позади, покажувајќи ја средната оддалеченост од задниот дел на возилото.
- Приказ од камера за возење наназад за подобра прегледност на задниот дел и полесно маневрирање со прикажување на ширината на вашето возило со отворени ретровизори, растојанието од 30 cm, 1m и 2m од браникот, радиусот на вртење на вашето возило кој зависи од положбата на управувачот и димензиите за отворање на задната вратаi.

Со функцијата Surround Rear Vision повеќе нема потреба да избирате помеѓу: подобрување на прегледноста или безбедност на вашиот товарi.





ИНДИКАТОР ЗА ПРЕТОВАР

НЕ ЈА ПОМИНУВАЈТЕ ГРАНИЦАТА

ИНДИКАТОР ЗА ПРЕТОВАР

Новиот PEUGEOT Partner може да биде опремен со индикатор за претоварi што е иновација во сегментот на лесни комерцијални возила.
Со оваа иновативна функција возачот може да биде информиран доколку се надмине максималната дозволена тежинаi; .); без разлика дали тоа е максималната дозволена маса или максималното оптоварување по оска (предна и задна).

Има двојна цел:

  • Спречување на ризици кои можат да настанат при претовар (намалување на перформансите, намалување на капацитетот на сопирање, абење на пневматици, ризик од предвремено абење на возилотo итн.)
  • Да се одговори на вашите легитимни барања во однос на безбедноста особено кај флотните возила.

ВАШИ СОЈУЗНИЦИ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ

Листата на технолошка опрема е импресивна и неспоредлива во овој сегмент но истовремено е променлива во зависност од верзијата:

  • Електрична паркирна сопирачка. Покрај тоа што лесно се користи овозможува голема преграда или поширок простор во верзијата со 3 патници затоа што ја нема рачката од мануелната сопирачка.
  • Адаптивен темпомат ја одржува програмираната брзина и создава растојание со возилото што е пред него. Целосно сопирање е возможно само во верзија со 8-степен менувач.
  • Препознавање на сообраќајните знаци за ограничување на брзина и препораки го препознава сообраќајниот знак и ја препорачува максималната дозволена брзина за да се прилагоди брзината на ограничувачот на брзина / темпоматот.
  • Активно предупредување за несакано напуштање на коловозната лента го враќа возачот на патот во случај на невнимание.
  • Предупредување на возачот за внимание преку камерата за надгледување на однесувањето на возачот и анализирање на движењето на управувачот. Кога ќе се детектира намалено внимание се активираат звучен и визуелен аларм.
  • Активна безбедносна сопирачка во случај на опасност од удар.
  • Контрола на стабилноста на кука ја стабилизира приколката за да го неутрализира тресењето или да го забави возилото доколку е потребно.
  • Автоматско приспособување на светлата
  • Камера за возење наназад « Visiopark 1 » го прикажува задниот дел за 180° - со можност за класично прикажување, прикажување од 180° (птичја перспектива) или „зум" кога се приближува до пречка.
  • Следење на мртов агол, со предупредување во надворешните ретровизори
  • “Hands-free” пристап и стартување.

БИДЕТЕ ПОВРЗАНИ!

БИДЕТЕ ПОВРЗАНИ!

Oстанете поврзани преку големиот 8" екран на допир во бојаi. Тој е позициониран така да Ви е на дофат и е свртен кон возачот, комплетиран е со два USB приклучоци, Jack приклучок, Bluetooth конекција и полнач без кабел за паметни телефониi. Системот е дополнет со Mirror Screen, кој е компатибилен со Mirror Link®, Apple Carplay™ и Android Auto™

3D поврзаната навигација е поврзана со гласовна команда која ви овозможува лесно и интуитивно пребарување на клучните информации. Го зема во предвид сообраќајот во реално време (TomTom Trafic) и овозможува прикажување на места за паркирање, бензински пумпи и временска прогноза.

Со цел да се подобри безбедноста на патниците, 3D навигацијата е придружена со PEUGEOT Connect SOS & Assistancei

РОБУСНОСТ ВО НЕГОВАТА DNK

НОВА ПЛАТФОРМА ЗА PEUGEOT PARTNER

РОБУСНОСТ ВО НЕГОВАТА DNK

Peugeot Partner, цели 20 години е тестиран од страна на професионалци кои следеле високи референтни вредности за да понудат квалитетен производ на пазарот. Со новата платформа во предниот дел, новиот PEUGEOT Partner обезбедува уживање и интензивно возење со одличното маневрирање и динамичните перформанси.
Новиот PEUGEOT Partner во ДОЛГАТА верзија има избалансирани и соодветни пропорции, каде што меѓуоскиното растојание и задната конзола се зголемени, за да се зголеми носивоста на товарниот простор, истовремено зачувувајќи ја мобилноста и агилноста.

Изберете најдобро:

  • Новиот PEUGEOT Partner благодарение на квалитетите на платформата EMP2 искористена во предниот дел (заедничко со SUV моделитеi новите и актуелни лимузини на брендот) добива удобност, држење на пат, оптимално вртење и помош при возење кои досега беа присутни само кај патничките возила.
  • Во задниот дел, новиот PEUGEOT Partner добива оптимизација на платформата од претходната генерација која овозможува поголема носивост на товарен простор до 1000 kgi и поголема ширина на страничните лизгачки врати за да се олесни пристапот до товарниот простор, додека го задржува изгледот на задните врати и нивните скриени шарки кои нудат оптимална сигурност.