Проширете ги Вашите хоризонти.
Модерната силуета на новиот PEUGEOT 5008 SUV со 7 седишта е обновена и сега изгледа постилски и елегантно, воспоставувајќи совршен баланс помеѓу моќта и префинетоста.
Благодарение на новата решетка без рамка и светлосниот потпис на брендот, неговиот преден дел е совршено вклопен, извајан и впечатлив, со нов браник и страничните сјајно црни екстензии на лаковите.
Динамичниот и спортски став на неговaтa подигнатa каросерија е истакнат со хромиран додаток што ја продолжува линијата на предните светла до задниот спојлер.
Исто така новитет се новите 19" "San Francisco" алуминиумски наплатки со дијамантски сјајi,
кои го додаваат последниот шмек на неговата атлетска силуета.
Со подлабоки црни тонови и подобар контраст, новата прилагодлива и 12,3" head-up дигитална инструмент табла обезбедува подобар квалитет на приказ и оптимизирана читливост на информациите избрани од возачот за негова побрза реакција.
Удобно сместете се во заоблените, прилагодливи седишта AGRi
со систем за масажаi, уживајте во исклучителната акустика во новиот SUV PEUGEOT 5008.
Искористете го целосно системот Hi-Fi Premium бренд Focal®i кој нуди задоволство со чистиот и деталниот звук, емитуван на десет интегрирани звучници. Централниот звучник и високотонците се со нова „Bronze Belem “ боја.